ВМРО-ДПМНЕ ќе слави роденден во Охрид

од Nikola Popovski
271 прегледи

Најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ вечерва со настан во Античкиот театар во Охрид ќе го одбележи својот 31-ви роденден.

Според информациите, на одбележувањето најавено е обраќање на генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорѓија Сајкоски и лидерот на патијата Христијан Мицкоски.

СДСМ вчера ја обвини опозициската партија дека се најголемите штетници на македонските национални интереси.

„Додека Македонија за првпат учествуваше на Самит на НАТО како рамноправна и полноправна земја членка, додека преку сите канали се прават дипломатски напори за деблокада на евроинтегративниот процес, ВМРО-ДПМНЕ продолжува да дејствува на штета на националните интереси.

Исплашени од нов успех на државата, Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ шират лажни вести, кочат и блокираат се што е во интерес на иднината на државата и граѓаните“, обвинуваат од СДСМ.