Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва информираше дека партијата ќе собира потписи за задолжителен референдум против Договорот за добрососедство со Бугарија.
Според Мицкоски, Извршниот комитет на партијата вечерва ја донел одлуката за „граѓанска иницијатива за собирање потписи за референдум“.
Во наредната недела партијата ќе собере 100 квалификувани потписи за референдум, што ќе се достави до Собранието.
-Прв јас ќе се потпишам. После одобрувањето, ВМРО-ДПМНЕ ќе пристапи кон собирање на 150 илјади потписи од граѓаните. Роковите се мислам три месеци. Прашањето ќе биде „Дали сте за напуштање на важноста на законот за ратификација за Договорот за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија од 18.01.2018 година?“ ВМРО-ДПМНЕ ќе повика за гласање за поништување на овој Договор. Ова ќе биде одговор на народот, рече Мицкоски во обраќање пред седиштето на партијата.
Тој очекувам сериозност и одговорност од власта.
-Формулирано е сериозно референдумско прашање. Очекуваме власта да ги прифати нашите аргументи „за“ за напуштање на важноста за законот за ратификација на Договорот за добрососедство. Гласаме „за“ или „против“ овој штетен договор, додаде Мицкоски.
Тој верува дека има луѓе во Владата кои размислуваат проевропски и нема да ги спречуваат граѓаните да гласаат на референдумот.
-Верувам дека има граѓани Албанци кои сочувствуваат со нашите проблеми и ќе ги поддржат нивните соседи Македонци кои се против асимилацијата, кажа Мицкоски.