ВМРО-ДПМНЕ ќе има координација за уставните измени

од Nikola Popovski
438 прегледи

Ќе имаме координација како партија и таму ќе го договориме настапот. Сепак имаме јасен став поврзан со уставните измени, рече денеска лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски за фактот што амандманите за уставните измени беа доставени до Собранието.

Мицкоски не сака да ги коментира изјавите на премиерот Димитар Ковачевски дека „идентитетот е загарантиран со промените на Уставот и нема зошто некој да биде против“.

Тоа му рекле да коментира и тоа го коментира. Јас не верувам дека го разбира тоа што го коментира. Ајде да бидеме сериозно. Изминатиот период потпишуваа договори кои што не беа поддржани и усогласени. Сега не можат да испорачаат бидејќи немаат кредибилитет. Потпишаа нешто за кое што немаше општествен и политички консензус. Како ќе се однесуваме на самата собраниска комисија и на седницата во Парламентот, ќе утврдиме дополнително на координација со пратениците и коалицијата, кажа претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во изјава за медиумите.

Слични содржини