Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски смета дека „премиерот Димитар Ковачевски е во право кога вели дека европската агенда според коалицијата СДСМ-ДУИ е сосема различна од македонската која што е дел од вистинската европска агенда“.
Вели дека никогаш нема да биде дел од агендата која што во своето множество опфаќа милионски имоти на моади господа во центарот на Скопје без да има јасно потекло како го стекнале тој имот.
Јас дел од таквва европска агенда како што промовира Владата, нема да бидам. Мојата и нашата македонска агенда е токму онаа во која што ќе се бориме против ова што го промовира оваа Влада, кажа Мицкоски од Вевчани, одговарајќи на новинарско прашање.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ информира дека прво сака да ја Декларацијата за Илинден што СДСМ денеска ја поднесе до Собранието, па после тоа ќе одлучат дали ќе ја гласаат.
Да видиме и таму да не има некое скриено предавство бидејќи кога нешто доаѓа од СДСМ треба убаво да прочитате да не има уште некое распродавање на македонскиот идентитет. Ако нема ништо спорно, не само што ќе ја поддржиме, туку и ќе ја наградиме, информира Мицкоски.