ВМРО-ДПМНЕ ќе „јаде многу шлаканици“ до изборите, порача Тачи

од Nikola Popovski
223 прегледи

Лидерот на ДПА и пратеник во Собранието, Мендух Тачи синоќа порача дека најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ ќе „јаде многу шлаканици“.

-Мислам дека ВМРО-ДПМНЕ ќе јаде многу „шлаканици“ до денот на изборите, дури и од меѓународните партнери, рече Тачи во емисијата „Клик плус“.

Според него, партијата на Христијан Мицкоски ќе се предомисли во однос на ставот за уставните измени и внесување на бугарското малцинството во Преамбулата.

Тачи смета дека „ВМРО-ДПМНЕ е про-руска и про-српска партија, а тоа ќе донесе асимилација на македонскиот народ“.

-Може да биде фрустрацијата што ја имаат Македонците за да си го зачуваат идентитетот, но од друга страна тоа е директна асимилација, бидејќи ги знаеме намерите на Србија и Русија. Шлаканиците ќе растат, додека пак поддршката за остатокот од политиката ќе оди далеку. Тоа ќе биде делот што е проевропски, дел од проевропскиот фронт, додал Тачи.

Слични содржини