Димитар Апасиев, во 2021 година побара сите пратеници кои се кандидираат за градоначалници да си поднесат оставки од пратеничката функција. Сега, кога Амар Мециновиќ се кандидираше за градоначалник на Скопје, ВМРО-ДПМНЕ го праша лидерот на Левица, дали ќе побара актуелниот пратеник да го врати мандатот.
„Дали Апасиев ќе побара од Мециновиќ да си поднесе оставка од пратеник сега кога се кандидираше за градоначалник, како што бараше претходно? Очекуваме Апасиев да остане доследен до себе и да побара Мециновиќ да си поднесе оставка, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Инаку, Мециновиќ денеска беше претставен како кандидат на Левица за градоначалник на Скопје, на престојните локални избори