![]()
„СДСМ се обидува да манипулира со секое ново соопштение.
Јавниот и државниот долг се намалени во последниот квартал на 2016 година.
СДСМ секогаш кога вака манипулира тоа го прави на штета на македонската економија и граѓаните на Република Македонија.
СДСМ со своите лаги и кодошење на Македонија на нејзините граѓани во случајот со издавањето на еврообврзницата им направи директната штета од 25 милиони евра, што е рамно на финансиски тероризам.
Истите финансиски терористи од СДСМ им нанесоа штета на граѓаните од 4 милиони евра по основ на камати на предвреме повлечени депозити поради кревањето на лажните паники за девалвација на денарот.
СДСМ се води по логиката „колку полошо за Македонија, толку подобро за СДСМ“ и со ниту едно лажно соопштение не можат да го покријат фактот дека Македонија сеуште е меѓу најмалку задолжените земји во Европа.
Впрочем, квазиекспертите од СДСМ со ниту една весела математика не може да покријат дека Македонија успешно ги менаџира јавните финасии и тоа не го кажува само ВМРО-ДПМНЕ, туку и сите релевантни светски институции, како Евростат, Светска банка, ММФ, кредитните агенции Фич и Стандард и Пурс“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.