ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски да побара писмени гаранции за македонскиот идентитет, јазик и историја

од Vladimir Zorba
219 прегледи

„Ковачевски нема ништо против клубот Ванчо Михајлов, тој и го дозволил неговото формирање, и знаел за доаѓањето на Петков. Тој и 5 дена молчеше во надеж дека ќе стивнат реакциите на јавноста. Откако владата виде дека народот нема да дозволи фашизам Ковачевски излезе да изглуми загриженост во однапред снимено видео“, соопштија утрово до ВМРО-ДПМНЕ.

„Ковачевски наместо да глуми загриженост треба да побара писмени гаранции за македонскиот идентитет, јазик и историја.

Доколку владата продолжи со игнорантскиот однос, срамните настани ќе продолжат. А, тоа е се резултат на бегањето од национално единство“, додаваат од Белата палата.

Слични содржини