СДСМ и Богданка Кузеска продолжуваат да лажат и да ја манипулираат јавноста. Тоа веќе им премина во хронична навика. Нема кривични пријави за какви што зборува Богданка Кузеска на прес-конференцијата, тие се целосно измислица. Во однос на протестите и немирите во Кочани, шест лица кои учествуваа во толпа само се повикани на разговор и тоа не резултираше со кривични пријави, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ како реакција на портпаролката на СДСМ.
Од партијата на власт рекоа дека ниту пак има некаква активност, односно кривични пријави, како што вели Кузеска, за објави на Фејсбук.
-На народот им е преку глава од ваквото безобразно лажење и манипулирање, како и искористување на трагедијата во Кочани од страна на СДС, за политички поени, кажаа меѓу другото од ВМРО-ДПМНЕ.
Претходно СДСМ обвини дека МВР поднесува кривични пријави против граѓани за објави на Фејсбук кои јавно бараат правда и неселективна истрага зза трагедијата во Кочани. Дури и на младите, како што рече Кузеска, кои протестираа во Кочани и го изразуваа својот револт за загубените животи на нивните другари и другарки МВР им поднела кривични пријави.