ВМРО-ДПМНЕ: Лажење е кога Таравари ќе стане градоначалник со наши гласови, а потоа ќе трча во Влада на СДСМ и ДУИ

од Nikola Popovski
184 прегледи

На денешната прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски, одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа што Алијанса реагираше на пораката во однос на повикот Таравари да каже кои се тие меѓународни фактори истакна дека согласно интересите Таравари решил да биде спаринг партнер на Ковачевски и Ахмети, а со лажење политика не се води.

„Кога Алијанса ќе вети уставни измени без да го праша народот , тоа се вика лажење. Исто така, лажење е кога Таравари ќе стане градоначалник на Гостивар со гласови на ВМРО-ДПМНЕ, а потоа ќе трча да влезе во влада на ДУИ/СДС. И секако дека се вика лажење кога Таравари вели дека „Меѓународен фактор“ барал од него да влезе во влада, а кога ќе го прашате кој е тој фактор, Таравари ќе избегне одговор. Не затоа што постои таков фактор што тоа го бара од него, туку затоа што согласно интересите на Таравари решил да биде спаринг партнер на Ковачевски и Ахмети, со лажење политика не се води“, нагласи Стоилковски.

Алијанса на Албанците (АА) вчера го праша ВМРО-ДПМНЕ, кои се тие сили или држави кои од нив го бараат спротивното од ова и спроведувањето на сценарија кои ја водат државата и регионот по опасен пат.

-Стратешките партнери на РСМ, оние кои континуирано го поддржуваат нашето патување кон НАТО и ЕУ, очекуваат од нас да ја отстраниме последната бариера за отворање на преговорите за членство во ЕУ: уставните измени, порачаа од партијата на Арбен Таравари преку соопштение.

Слични содржини