Опозициската ВМРО ДПМНЕ, ја обвинува владејачката структура по прогласената кризна состојба за неодговорна. Имено, тие обвинуваат дека личните интереси се ставени пред здравјето на граѓаните, а притоа и дека Армијата благодарение на Заев и Филипче, се претворила во агенција за обезбедување.
„Нема кислород, нема болнички кревети, а Заев и Филипче кризната состојба ja злоупотребуваат да ја претворат армијата во агенција за обезбедување, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.
Опозицијата нагласува дека секој ден по десетици се заболени од корона, воведена е кризна состојба која служи за популизам, а паралелно ќе тераат избори во Штип и Пласница.
„Резултат од неспособните Филипче и Заев се десеттиците смртни случаи од корона, десеттици семејства завиени во црно секој ден, а само во последното деноноќие според статистиката на министерствто за здравство 25 починати лица. Вкупната бројка на починати се движи кон 1.500.
Дека личните интереси се пред здравјето на граѓаните покажуваат постапките на власта. Свесно ли Заев и Филипче подготвуваат корона кланица? Само во Штип има 533 активни случаи на корона, а секој ден во Штип има и починати од корона.
Евидентно е дека се нема план што ќе прават за време на кризната состојба, ама јасно е дека истата ќе се злопупоребува посебно на терен за време на изборите во Штип и Пласница. Или кризната состојба наместо за работа очиглено им служи за популизам.
Сето ова се случува кога медицинскиот кадар е исцрепен, кога секојдевно пациентите и нивните семејства трагаат по болнички кревет, кога со саати се чека за кислород, а тоа често завршува погубно за пациентите, кога се нема доволно ниту основен материјал за лекување.
Ефектот од првиот ден кризна состојба не е спасување на животи, туку злоупотреба на армијата која ја користат како агенција за обезбедување додека болниците немаат болнички кревети. Време е за одговорност! Време е за оставки и за влада на национален спас!“, наведува ВМРО-ДПМНЕ во соопштението.