„Дурловски, Илиевски, Јовановски, Дамовски, Чавков, пратениците и сите останати кои се неправедно притворени за настаните од 27-ми април, се терористи колку што се терористи македонските иселеници кои вчера протестираа низ Европа и светот. Ниедна демократска земја не се дрзна да ги обвини за тероризам само заради протест во кој гласно го изразуваат своето несогласување со разнебитувањето на Македонија. Притворените не се терористи туку патриоти чиј единствен грев е што ја сакаат Република Македонија.

Република Македонија е узурпирана држава каде е укинато владеење на правото.
Органите на прогонот се користат за монтирање на судски случаи и пресметка со сопствените граѓани кои мислат поинаку од власта.
Судот е најдиректен и најодговорен учесник во продлабочување на кризата која е поттикната од катастрофалните политики од страна на владата на СДСМ, велат во соопштение од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Порачуваат дека Република Македонија итно мора да тргне по патот на демократијата и никој не смее да биде пречка на тој пат.