Добро е што СДСМ продолжува со реализација на проектите на ВМРО-ДПМНЕ, но лошо е што доцни цели пет години и што ги лаже граѓаните дека нешто самите смислиле, обвинија денеска од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, откако денеска „Заев се пофали со доделувањето на наводно првиот сертификат за овластен економски оператор“.

„Ова е уште една класична манипулација со оглед на фактот што претходната влада уште во 2013 година го додели првиот сертификат, односно уверение за овластен економски оператор на компанијата Џонсон Контролс Македонија Дооел. Имено ваквиот статус за овластен економски оператор дава низа на поволности, а пред се поедноставен пристап кон царинските поедноставувања, помал број на документарни и царински контроли итн“, велат од партијата.
Македонската економија тоне, а граѓаните осиромашуваат благодарение на црните економски политики, зголемените давачки кон државата, катастрофалната реализација на проекти и капитални инвестиции, порачуваат од најголемата опозициска партија.