ВМРО-ДПМНЕ: Манипулација дека причина за одложување на „Пуч“ е неприсуството на Груевски

од desk3
111 прегледи

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски не добил покана да сведочи за предметот „Пуч“, така што изјавите дека тоа е причината за одложување на денешното рочиште се само уште една во низата манипулации, информира денеска ВМРО-ДПМНЕ како реакција на изјавата на лидерот на СДСМ Зоран Заев.

VMRO

– Политичкото слепило и непознавањето на процедурите од страна на Зоран Заев и Катица Јанева добиваат драматични размери, па и двајцата мислат дека се и обвинители и судии. Двајцата денеска јавно се бламираа покажувајќи неупатеност во законската регулатива која во Македонија вели дека судот е тој што определува кога ќе изведува определени дејствија, а не обвинетиот Зоран Заев или Катица Јанева, стои во соопштението.

Заев, како што наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ, е човекот кој јавно ги погази македонските судови, изјавувајќи дека нема намера да ги почитува нивните наредби и одлуки. Според партијата, како што наведуваат,аболицираниот криминалец Заев сега е главен статист во фарсата која што ја играат со специјалната обвинителка Јанева.

– Заев е комотен затоа што знае дека има заштита од Катица Јанева, затоа што доби јавна благодарност од Соња Верушевска бидејќи Јанева го ослободила од притвор Зоран Верушевски. Тоа се двојните аршини кои политички ги наметнува Јанева. Благодарение на Јанева, битолскиот градоначалник Владимир Талевски е трет месец во притвор, а аболицираниот криминалец Зоран Заев на слобода, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ./МИА