ВМРО-ДПМНЕ: Маричиќ врши партиски работи со службено возило

од Nikola Popovski
1,4K прегледи

ВМРО-ДПМНЕ упати критики и побара реакција од надлежните откако, како што велат, вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ вршел партиски работи со службеното возило.

-Медиумите објавија дека Бојан Маричиќ со службено возило пристигна да даде потпис за Пендаровски. Неговиот шофер му ја отвора вратата, во неработен ден тој користи државни ресурси платени од граѓаните, порачаа од партијата на Христијан Мицкоски.

Партијата бара одговор и од Државната комисија за спречување на корупција.

-Според кои европски практики Маричиќ злоупотребува државни ресурси платени од граѓаните, стои во партиското соопштение.

Слични содржини