Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ одржа седница на која беше разгледана актуелната политичка и економска состојба во земјата. На седницата, Комитетот го овласти претседателот на партијата, Христијан Мицкоски, да предложи нови кадри на местата што ѝ припаѓаа на Алијансата за Албанците, по одлуката на Арбен Таравари да ја напушти владината коалиција.
Од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека со овој потег се разоткрива вистинската природа на дел од политичките актери, обвинувајќи ги СДСМ, ДУИ, Алијанса на Албанците и Левица за координирано политичко делување со заеднички интереси. Од партијата порачуваат дека „државата не оди во провалија, туку се вади од неа“, нагласувајќи дека нема повеќе амнестии, рекети и корупција и дека правдата ќе ги стигне сите што згрешиле.