ВМРО-ДПМНЕ: Многу политичари градеа кариери на случајот „Таргет-Тврдина“

од Nikola Popovski
238 прегледи

За сите постапувања на судот и обвинителството одговори треба да се побараат во судството и владата на Ковачевски и неговите сопартијци кои градеа кариери на овој случај како и од Ахмети и ДУИ кои се активни партиципиенти во истата влада и ја споделуваат одговорноста за корумпираното судство, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ за одлуката на Апелација за случајот „Таргет-Тврдина“.

„Едно е сигурно и очигледно во Македонија, а тоа е дека клиентелизмот, корумпираното судство и обвинителство преполно со кадрите на ДУИ и СДС, за што можевме да се увериме и во претходниот период со последните кадровски решенија во ОЈО, Судскиот совет и Академијата за судии и обвинители, каде од партиски штабови седнуваат во професионални институции, говори за тоа дека правосудниот систем во државата е клекнат на колена. Во Македонија нема случај каде е победила правдата до крај, а вистината е дека правосудниот апарат се користи за политичка пресметка и заштита на политички интереси на власта“, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Вицепремиерката Славица Грковска напиша дека е загрижена за ваквиот исход и дека Апелација мора да го објави образложението за укинатите пресуди.

Апелациониот суд вчера информираше ги уважиле жалбите на обвинетите за случајот „Таргет-Тврдина“и ја укинале првостепената пресуда за случајот со масовното незаконско прислушување во УБК. Со ова предметот се враќа на повторно судење.

Вкупно 55 години затвор и 10 години условен затвор за 11 лица определи Основниот кривичен суд во Скопје за обвинетите за предметот.

На поранешниот директор на УБК судот му изрече казна затвор од 12 години за кривично дело „злосторничко здружување“, „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „примање награда за противзаконито влијание“.

Претходно Апелацискиот суд ја укина првостепената пресуда за случајот „Трезор“, во кој еден од осудените беше исто така Мијалков. Со ова предметот се врати на повторно постапување и одлучување пред Основниот кривичен суд Скопје.

Слични содржини