ВМРО-ДПМНЕ: Можно е Петровска свесно да извршила влијание над специјалистот психијатар за да ги преувеличи нејзините последици

од Vladimir Zorba
201 прегледи

„Реакцијата на власта за наводна одбрана на Славјанка Петровска е уште еден доказ за нивните манипулативни методи, со кои се обидуваат пред се да ја сокријат вистината, а со тоа да презентираат лажна жртва на министерка од нивната влада“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Жестоко и бурно се спротивставуваме на обидите пратеникот Драган Ковачки да биде обвинет за наводна злоупотреба на нечија дијагноза, од причина што тоа што беше презентирано од негова страна е дел од вештачење кое патем го нарачала самата Славјанка со цел нејзината тужба за клевета кон пратеникот Драган Ковачки да делува по веродостојно и вистинито за што бара наплата од 10.000 евра.

Вештачењето самата Славјанка го нарачала, а документот кој пратеникот Ковачки го читаше од собраниска говорница не го направил по сопствено барање, ниту го добил од истрага, туку го добил тоа психијатриско вештачење како документ лично од Славјанка Петровска, кое ако се прочита такво какво што е, таа треба да си поднесе оставка, ако не е нејзината состојба таква каква што е наведена.

Втората можност е министерката за одбрана свесно, да извршила влијание над специјалистот психијатар, да направи извештај во кој што ќе ги преувеличи нејзините последици после медиумското соочување со пратеникот Ковачки, а се со цел да самата министерка го добие судскиот случај и паричното побарување од 10.000 евра“, напишаа, меѓу другото, во својата реакција од Белата палата.