ВМРО-ДПМНЕ: На изборите граѓаните гласаа за ВМРО-ДПМНЕ, не за Тиранската платформа

од Vladimir Zorba
112 прегледи

 

Точките од Платформата кои се прифатени од страна на Зоран Заев и СДСМ под уцена да формираат Тиранска влада во Република Македонија, се однесуваат на промена на името, оценува ВМРО-ДПМНЕ и повторно му нуди на Заев поддршка за влада доколку ја отфрли „Тиранската платформа“.

– Зоран Заев и СДСМ се уценети да ја прифатат Платформата и да формираат Тиранска влада. Единствено решение и одговор на сите прашања ќе може да се добијат на нови предвремени парламентарни избори, отфрлајќи секакви Платформи од туѓи држави. Заев прифаќа дури и Тиранска влада се по цена да го возобнови режимот на СДСМ кој граѓаните добро го паметат. Режим кој значеше криминал, затворање фабрики, бркање на улица 200.000 граѓани, шверц, неразјаснети убиства, накит со државни пари, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ ги охрабруваат Заев и СДСМ да ја отфрлати понудата доколку имаат сомнеж дека платформата од Тирана е штетна за Македонија и повторно нудат поддршка за влада која, велат, нема да биде тиранска.

– Во таков случај би му помогнале на Зоран Заев и СДСМ да формираат Влада каква што сакаат и која нема да биде Тиранска влада и покрај тоа што загубија на изборите, нагласуваат во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ