ВМРО ДПМНЕ на протест побара оставка од министерот Филипче

од Берта Китинска

Денеска пред Министерството за здравство, протест одржа  ВМРО-ДПМНЕ.

Присутните на денешниот протест со едноминутно молчење им оддадоа почит на починатите од ковид-19, по што побараа оставка од министерот за здравство Венко Филипче и одговодност од премиерот Заев Заев.

Дафина Стојановска, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ на протестот пред Министерството за здравство изјави дека министерот за здравство, Венко Филипче нема срам, ниту доблест да се повлече од фунцијата.

„Знам дека тој нема душа и срце да го разбере нашиот револт и нашиот ризик да протестираме во ек на најголема пандемија. Знам дека тој има срце и душа само за пусти пари, знам дека нема ни срам, нема ни жал, ни доблест да се извини или не дај боже да се повлече. Напротив тој дури проба да ја префрли или сподели одговорноста. Напротив тој си се вози со мотори низ Македонија, а Македонија мака мачи и плаче и што е најстрашно и најпонижувачки, друштво му прави и Зоран Заев“, рече таа.

Слични содржини