ВМРО-ДПМНЕ најави афера „Броило“

од Vladimir Zorba
179 прегледи

Додека стандардот на граѓаните пропаѓа со секој нов ден од кризите, некој дебело профитира и се богати.Тоа ќе го открие аферата „Броило“, која ќе покаже кои фирми блиски до функционерите на власт ги користеле кризите да направат милиони, истакнуваат утрово од Белата палата на ВМРО-ДПМНЕ.

„Додека Македонија тонела во енергетската криза на некои компании им вртело броилото, ама не колку да платат, туку колку да го наполнат своето банкарско конто“, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Скандалот „Броило“ ќе разјасни многу бизнис шеми за богатење на сметка на се посиромашните граѓани.Скандалот Броило ќе покаже зошто оваа власт преферира кризна состојба и зошто упорно влегува од една во друга“, се наведува, меѓу другото, во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Слични содржини