Пратеникот Никола Мицевски од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ информираше дека партијата ќе поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство за двајцата пратеници од владејачкото мнозинство кои заразени со Ковид-19, гласаа во законодавниот дом.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека на овој начин е даден пример оти политичарите се над законите, а притоа во ризик биле ставени сите вработени во Собранието, присутните претставници на медиумите како и пратениците.
„Систем во кој функционира владеење на правото по никоја цена не е оправдан. Таквата пракса на работење на Коалиција против правдата составена од СДСМ и ДУИ ќе престане. Затоа, сакам да ве информирам дека во текот на утрешниот ден Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство. На потег ќе биде правосудството кое ќе треба да се оттргне од очигледните политички стеги во рамките на коишто функционира според сите меѓународни извештаи“, истакнаа Мицевски.