ВМРО-ДПМНЕ најавува промена на преговарачката со ЕУ по 8. мај

од Nikola Popovski
248 прегледи

Со неверување слушаме како СДС се гордее со бугарскиот диктат, а како ќе го промениме ќе видат по 8-ми мај, велат од ВМРО-ДПМНЕ по денешната прес-конференција на Дарко Каевски од СДСМ.

Според партијата, преговарачката рамка со ЕУ е „бугарски диктат кој Македонија го прифати заради слабата власт е најлошата работа која државата некогаш ја прифатила“.

-ВМРО-ДПМНЕ не се согласува со бугарскиот диктат и тој мора да биде променет, а Македонија да добие подобра позиција. Фрапантно е како една партија може да се гордее со поразите на сопствената држава, па макар таа партија била и СДС. Од друга страна разбираме зошто Каевски излегува и се срами себе, милионите на сметка и имотот очигледно тежат, порачаа од партијата на Христијан Мицкоски.

Портпаролот на СДСМ денеска од својата партија порача дека државата го има најдобриот договор што можела да го добие.

-Уште еден лажно креиран мит, една невистина е целосно разоткриена. Се потврди она што го говоревме. Го имаме најдобриот договор што можеше да го добиеме. Туку затоа што Преговарачката рамка е одобрена и прифатена од 27 земји членки на ЕУ, уверува Каевски.

Слични содржини