ВМРО-ДПМНЕ: Настанот во Филхаромија чинеше помалку од парите што Рашковски ги собра за мекици

од Nikola Popovski
198 прегледи

Прославата на ВМРО-ДПМНЕ чинеше многу помалку од туцето пари кое Ден Дончев го ставаше во торба, а нема одговорност. Настанот чинеше неколку пати помалку од парите кои Драги Рашковски ги собра за мекици, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, откако беа прашани од СДСМ колку чинеше синоќешната манифестација во Филхармонија.

Од „Белиот дворец“ додаваат дека „СДСМ се нервозни затоа што градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ имаат реализирано 1090 проекти за 100 дена, 166 капитални објекти, 33 градинки, 68 училишта, 206 улици и патишта“.

-СДСМ се нервозни затоа што градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ работат, сметаат од најголемата опозициска партија.