Меѓународниот секретар и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Андоновски во вечерашното гостување на централниот дневник на ТВ Сител изјавил повеќе за утрешната средба на лидерот на партијата, Христијан Мицкоски и претседателот Стево Пендаровски.
„Зошто средба со претседателот? Не, ние не бараме амнестија, не бараме аболиција на овие луѓе, бараме правда за овие луѓе, затоа што овие луѓе со тоа што беа осудени за терористи беа политички обесправени од страна на политички диктирана пресуда од страна на судија со политички диктат кој што ја пресуди“, изјави Андоновски.
На прашањето дали утрешната средба значи затоплување на односите со шефот на државата и официјален крај на тоа што значеше замрзнување на релациите после доделување на мандатот по парламентарните избори, Андоновски посочи:
„Нашите односи беа замрзнати со претседателот Пендаровски затоа што тој покажа целосна неискреност. Вие да зборувате за право, за почитување на устав и закон а да направите нешто спротивно од тоа е целосна неискреност и лажење на македонскиот јавност. Нашиот однос кон институцијата претседател ќе зависи од односот на претседателот и јас би оставил да почекаме утрешната средба што ќе покаже за да видиме како ќе се движи тој однос во иднина“.