ВМРО-ДПМНЕ: Не е точна веста дека Мицкоски го повлече законот за реорганизација на Владата

од Nikola Popovski
2,5K прегледи

Веста објавена на неколку електронски медиуми со наслов: „Мицкоски го повлече законот за реорганизација на Владата“ е неточна и истата во целост ја демантираме, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата појаснуваат дека законот е повлечен за исправање на номотехничка грешка.

-По корегирање на истата законот беше веднаш поднесен и истиот денес ќе се најде на седница на Собранието. Потенцираме дека не станува збор за никакво повлекување на законот, туку за негова номотехничка корекција која е во насока на подобрување на предлог законското решение, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Слични содржини