ВМРО-ДПМНЕ не го коментира интервјуто на Агелер во кое порача дека „нема одново преговори ниту за Преспа, ни со Бугарија за ЕУ“

од Vladimir Zorba
277 прегледи

Не е соодветно од наша страна да коментираме изјави на нашиот стратешки партнер со кој Македонија гради соработка веќе изминатите три децении, но она што е клучно е испратената порака дека се потребни навистина важни разговори од кои сите инволвирани страни ќе имаат корист, изјави портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ Марија Митева, прашана за ставот на партијата во однос на интервјуто на американската амбасадорка Анџела Агелер, во кое вели дека „нема одново преговори ниту за Преспа, ни со Бугарија за ЕУ“.

Одговарајќи на новинарски прашања во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, Митева нагласи дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ уште на самиот почеток покажала што ќе биде наш фокус – растот на економијата, нови инвестиции и подобар животен стандард на граѓаните.

– Владата на ВМРО-ДПМНЕ уште на самиот почеток, првите пет дена на дело покажа што ќе биде наш фокус. Тоа е растот на економијата, нови инвестиции, а се со цел подобар животен стандард на граѓаните. Не е соодветно од наша страна да коментираме изјави на нашиот стратешки партнер со кој Македонија гради соработка веќе изминатите три децении, но она што е клучно е испратената порака дека се потребни навистина важни разговори од кои сите инволвирани страни ќе имаат корист. Фокусот на оваа влада е реформски. Потребни се брзи реформи со цел враќање на реномето и угледот на нашата држава Македонија, затоа што се досега од страна на СДС и ДУИ беше погазено и уништено, изјави Митева.

Американската амбасадорка Анџела Агелер, во интервју за Радио Слободна Европа, порача дека „нема одново преговори ниту за Преспа, ни со Бугарија за ЕУ. Тие договори се веќе направени, нема одново преговарање за напредок кон ЕУ“.

Слични содржини