ВМРО-ДПМНЕ не го поддржува предлогот на ВЛЕН за уставни измени против застареноста на кривични дела сторени од функционери

од Nikola Popovski
99 прегледи

ВМРО-ДПМНЕ нема да го поддржи ставот на коалцијата ВЛЕН за уставен амандман за ретроактивна корупција. Вака може да се сфати денешниот став од најголемата владеачка партија. Според пратеникот Бојан Стојаноски, ставот на партијата е дека со постојаните законски регулативи и со вкрстувањето на базите на податоци, може да се бори против корупцијата.

-Она што досега недостасуваше беше политичката волја за расветлување на овие случаи, за преиспитување и одговорност за криминалите, може и треба да се плашат сите оние кои се огзгрешиле пред законот. И треба да знаат дека правда ќе има. Наскоро ќе се започне со расветлување на сите случаи за сите видови корупција, рече Стојановски на денешната прес-конференција.

Од ВЛЕН вчера предложија уставни измени кои ќе овозможат да нема застарување на кривичните дела сторени од избрани и именувани функционери.

Како што информираше портпаролот на ВЛЕН, Фари Хисени, нивниот конкретен предлог е законите да можат да имаат повратно дејство и во случаите поврзани со застарување на кривичната одговорност за сторени злоупотреби од страна на избрани и именувани лица при практикување на јавни овластувања, со кои е причинета штетата на јавните фондови, буџетските средства на централно и локално ниво и со таквите злоупотреби е стекната противправна имотна корист.

-Со овој амандман се дополнува членот 52 од Уставот на РСМ. Овој амандман ќе биде став 5 и ќе следи по став 4 кој предвидува дека „законите и другите прописи не може да имаат повратно дејство освен во исклучок во случаи кога тоа е поповолно за граѓаните, појасни Хисени.

Слични содржини