ВМРО-ДПМНЕ: Не сме задоволни од градоначалничката

од Берта Китинска
251 прегледи

Портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева вели дека причините поради кои функционерите од пратијата поднеле оставки се објавени јавно преку нивните изјави и дека нивната партија која го поддржа концептот за модерно Скопје и која застанала со поддршка зад независната кандидатура на Арсовска не се задоволни од досега сработеното.

„Искрено верувајќи во овој концепт, можам да кажам дека не сме задоволни од досега сработеното од градоначалничката. Сметаме дека малку е реализирано, а може и треба да се испорачаат многу повеќе резултати кои ги заслужуваат скопјани. Поддршката која ја дадовме на почетокот кон Арсовска е темелена на принципи и секако ние таа ќе ја повлечеме тогаш кога ќе видиме дека тие принципи не се почитуваат“, појасни Митева.

Таа додаде дека поддршката која ја даде ВМРО-ДПМНЕ на почетокот кон Арсовска е темелена на принципи и секако истата поддршка ќе се повлече кога принципите нема да се почитуваат.

„Имено, ова значи дека во иднина само оние проекти, само онаа политика која е во функција на концептот модерно Скопје и која ја поддржуваме ќе биде одобрена и изгласана во Советот и секако ќе ја има поддршката од ВМРО-ДПМНЕ, но исто така ќе го задржиме правото да бидеме жестоки критичари на нејзините политики кои излегуваат надвор од тој концепт ветен пред граѓаните. Искрено, би и порачале на градоначалничката дека наместо неосновани пресметки и упади на прес конференции треба да се започне со проекти и со решавање на потребите на скопјани“, одговори портпаролката.

Слични содржини