Опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвини дека неколку месеци не се набавуваат таблети и лекови за опасната болест маларија, а влдаејачката СДСМ, според нив, си поигрува со здравјето на граѓаните.

„Никакви оправдувања нема да ја амнестира од одговорност владата за недостапноста на лекот против маларија во државата. Заради негрижата на владата, граѓаните кои се засегнати да ги примаат овие лекови мораат да одат во некоја од соседните држави за да ги купат“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Потсетија дека ветувале подобро, подостапно и бесплатно здравство, ветувале живот, 100.000 денари плата за докторите, а очигледно и после шест месеци не можат да набават ниту еден лек против маларијата.