ВМРО-ДПМНЕ нема да го бојкотира референдумот, но конечен став не е донесен

од desk2
85 прегледи

По вчерашниот состанок на Извршниот комитет во ВМРО-ДПМНЕ се уште не е изграден партискиот став за референдумот, иако поминаа повеќе од две недели откако Собранието донесе одлука за распишување на референдумот.

Според неофицијалните информации, од дискусијата што се водела, ВМРО-ДПМНЕ најверојатно нема да повика на бојкот на референдумот, но како точно ќе биде формулиран партискиот став останува да се види.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, рече дека ставот околку референдумот ќе го соопштат најдоцна до 10 септември./Слободен печат

Слични содржини