ВМРО-ДПМНЕ нема да определи свои експерти во работната група за уставни измени

од Nikola Popovski
157 прегледи

ВМРО-ДПМНЕ нема да определи свои експерти во работната група за уставните измени. Ова денеска го истакна портпаролката на партијата, Марија Митева на прес-конференција.

Според неа, целиот процес што го води власта е нелегитимен, бидејќи како што рече, од граѓаните нема никаква поддршка.

-Ставот на ВМРО-ДПМНЕ е јасен. Нема да учествува во такви работни групи од причина што ова е нелегитимен процес, и многу пати сме кажале и апелирале до власта да не се впушта во вакви процеси каде што од граѓаните нема апсолутно никаква поддршка, истакна Митева.

Премиерот Димитар Ковачевски во петокот информира дека ќе биде формирана работна група за уставните измени во Министерството за правда, со експерти по уставно право и експерти предложени од партиите.

-Оопозицијата е повикана да даде свои експерти во оваа група бидејќи секој треба да го даде придонесот. Сите одлуки и поважни информации беше веднаш понудено да бидат споделувани и презентарани пред Националниот совет за евроинтеграции кој што го води претставник на опозицијата. На опозицијата е да размислува стратешки и она што декларативно го кажува, да го спроведе и во пракса. Досега не сме имале таква потврда, нагласи Ковачевски по средбата со европските преставници Жозеп Борел и Оливер Вархеји.

Слични содржини