ВМРО-ДПМНЕ: Неправедно да се ослободуваат затвореници, а по судови да се влечат патриоти

од desk2
83 прегледи

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвини дека е непрведно да се ослободуваат затвореници осудени за тешки кривични дела, а по судови да одат луѓе – патриоти, откако беше донесен законот за амнестија, а затворениците се очекува да почнат да се пуштаат денеска.

„Убиецот на младиот Мартин Јанушев е сеуште на слобода, а остануваат нерасчистени и десетици други случаи на убиства и насилства. Полицијата е немоќна. Од затвор се ослободуваат осудени криминалци само заради враќање на предизборните долгови кои СДСМ ги имаше кон подземјето… Притворените патриоти и пратеници се обвинети за тероризам со апсурдна конструкција за да се создаде страв кај граѓаните и да се дефокусира јавноста од реалните проблеми. OЈО без аргументација и докази фабрикуваше случај против уметници, оперски пејачи, архитекти, режисери, глумци, доктори, пратеници, полициски службеници, мајки на малолетни дечиња“, се вели во партиското соопштение.