ВМРО-ДПМНЕ: Нонпејперот го прикажа вистинското светло на чистата препорака

од desk2
76 прегледи

 

Нонпејперот од европските државници како меур од сапуница ги распрсна лажните надежи и ветувања до граѓаните од Зоран Заев и Радмила Шекеринска за евроатлански интеграции како велеа, најдоцна за 6 месеци! Велеа: Знаеме како! Нонпејперот го прикажа вистинското светло на лажната кристално чиста препорака за отворање на европските преговори, сметаат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Нонпејперот и реакцијата на власта по него, ја покажа вистинската игра- дека оваа „ЌЕ влада“ евоатланските интеграции ги сведува само на распродажба на македонските национални и државни интереси, додаваат од партијата.

„Нонпејперот ги затвори устите полни со Извештајот на Рајнхард Прибе на актуелната власт! Нема реформи, туку само партизација и злоупотреба на системот. Европската Унија гледа што се случува во Македонија и образложенијата „ВМРО е виновно за се” кои ги пласираат, веќе не минуваат. Од ЕУ чекаат реализација на реформите.
Овој нон пејпер е доказ дека ниту Заев ниту оваа екипа околу него нема капацитет да ги направи суштинските реформи. Единствено поле каде што се бележат прогрес е корупцијата која расте и се институционализира. И Европските лидери го посочуваат дека оваа “ЌЕ Влада” нема намера да го реформира правосудниот систем. Реформи кои нема да дозволат судство за политички монтирани случаи. Реформи против селективно судство кои имаат за цел владеачкиот картел да го заштитат, а сите други кои не размислуваат како нив да ги изложат на политички мотивиран прогон“, се вели во партиското соопштение.