Долгот во време на оваа власт достигна 60% од БДП или над 7 милијарди евра. Според најавите следи ново задолжување од 900 милиони евра со долгот веројано ќе надмине 8 милијарди евра или ќе биде околу 65% од БДП. Овие речиси милијарда евра се земаат за одржување на ликвидност на буџет, а не за економски развој, велат денеска од Белата палата на ВМРО-ДПМНЕ.
Нема капитални инвестиции, нема нови автопати, клинички болници, значителна образовна инфраструктура, велат од партијата на Мицкоски и додаваат дека освен што нема никакви инфраструктурни проекти, економијата доживува целосен колапс.
– Задолжувањето на државата расте, а стандардот на граѓаните вртоглаво паѓа. Инфлацијата ги изеде платите кои и онака се најниски во регионот. Само во месец март инфлацијата беше 8,8%, а сите основни животни продукти пораснаа од 30 до 100%, велат од опозициската партија и повторно побараа предвремени избори.