ВМРО-ДПМНЕ објави јавен повик за кандидат за шеф на државата

од Nikola Popovski
236 прегледи

ВМРО-ДПМНЕ врз основа на членовите 38, 40, 41 и 42 од Статутот на ВМРО-ДПМНЕ, како и заклучоците донесени на седницата на Извршниот Комитет од 05.12.2023 година распишува јавен повик за кандидат за претседател на Република Македонија кој ќе биде поддржан од ВМРО-ДПМНЕ на претстојните претседателски избори.

Кандидатот кој ќе биде претходно пријавен и ќе ги исполни пропишаните услови ќе биде одбран на Конвенција која ќе се одржи на 2 март во Скопје, согласно одлуката на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

-Заинтересираните кандидати за учество на Конвенцијата треба да ги исполнуваат уставно предвидените обврски и услови содржани во членот 80 за кандидирање за кандидат за претседател на државата и кои се согласуваат и ги поддржуваат политиките на ВМРО-ДПМНЕ. Сите оние поединци, кои сметаат дека се потенцијален кандидат треба да добијат поддршка од најмалку 30 делегати кои се претходно изгласани од Централниот Комитет на партијата и објавени на веб страната на ВМРО-ДПМНЕ. Кандидатите треба да поднесат програма и план за работа кои ќе бидат разгледани од страна на работните тела на Конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ за избор на кандидат за претседател на Република Македонија, и тоа најдоцна до 21.02.2024 година до 17:00 часот, во просториите на централното седиште на ВМРО-ДПМНЕ, плоштад ВМРО-ДПМНЕ, Палата др. Христо Татарчев (плоштад ВМРО бр.1) во Скопје. ВМРО-ДПМНЕ ќе го одбере најмотивираниот кандидат за Претседател на Република Македонија кој заедно со граѓаните ќе победи на претстојните претседателски избори 2024 година. ВМРО-ДПМНЕ со идниот кандидат кој ќе го одбере за кандидат за претседател на Република Македонија, ќе ја порази оваа власт. Македонија заслужува да има претседател кој активно ќе ги штити државните и национални интереси на сите граѓани и ќе ја претставува достоинствено државата пред Европа и светот, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Слични содржини