ВМРО-ДПМНЕ: Обвинението за тероризам ги става патриотите во категорија на Ал Каеда и ИД

од desk2
77 прегледи

Судот мора да ја отфрли улогата на асистент во креирањето на недемократска атмосфера на страв, стои во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ во врска со притворот на нивни членови и симпатизери за настаните во Собранието од 27 април.

„Судот е директен соучесник во континуираното уништување на правната држава, во којашто Заев сака без опозиција да носи закони за двојазичност, да ја задолжува земјата или да ратификува договори со кои се брише историјата и македонскиот јазик. Отфрлањето на жалбите на одбраната и решенијата патриотите да останат во притвор се целосни правни неиздржани. Истекува вториот месец и судот има можност да се издигне над политичките притисоци и нарачки и конечно да донесе праведна одлука“, велат од опозициската партија.

Оттаму истакнуваат дека само во Македонија личности кои дале многу за државата, родољуби, кои немаат сторено ниту прекршок се прогласуваат за терористи.

„Oбвинението за тероризам е апсурдна конструкција која ја качува Македонија на врвот на листата земји со најмногу терористи, а патриотите, како што велат од ВМРО-ДПМНЕ, ги става во категорија на Ал Каеда и ИСИС, се вели во соопштението.