ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека во време на СДСМ „граѓаните живееле на раб на сиромаштија со по 150 денари на ден“

од Nikola Popovski
18 прегледи

„Да работеше СДС во интерес на граѓаните и да имаа добри економски политики кои ја подобруваат состојбата и го подобруваа стандардот на граѓаните, немаше инфлацијата во нивно време да руши европски и светки рекорди“ – велат од ВМРО-ДПМНЕ како реакција на соопштението на СДСМ за зголемената инфлација во Македонија.

Според најголемата владеачка партија, „додека народот осиромашуваше, луѓето во СДСМ, Зоран Заев и Венко Филипче, секојдневно го зголемуваа богатството, за сега да градат 50 катница во Дубаи“. Oттаму обвинуваат и дека „СДСМ донела на раб на сиромаштија над пола милион граѓани со по 150 денари на ден“.

-За разлика од тие времиња, сега Владата постојано води грижа и носи политики за поддршка на стопанството и граѓаните и презема мерки за намалување на цените. Во континуитет се носеа мерки за ограничување на цените и на нето профитните маржи, се зголемуваат платите и пензиите, се помага стопанството на кое на располагање се ставија 250 милиони евра со поволни кредитни услови. Во правец на подобрување и зачувување на стандардот на граѓаните активна е кампањата „Помалку трошоци, повеќе за тебе, се грижиме“, а како најнова мерка Владата ги задолжи трговците да ги намалат цените на училишниот прибор од најмалку 10% во трговија на големо и најмалку 15% во трговија на мало.

Исто така, вчера се потпиша колективен договор за 20% покачување на платите на сите вработени во јавните установи за социјална заштита.

Претходно беа зголемени платите и во полицијата, здравството, образованието, културата, администрацијата, а секако, беа и повторно ќе бидат зголемени пензиите на над 330 илјади пензионери, за вкупно седум илјади денари, се пофалија од „Белата палата“.

Претходно од СДСМ објавија дека Државниот завод за статистика соопшти алармантни бројки – инфлацијата на годишно ниво изнесува 4,8%. Сметаат дека не се потребни „анализи“ и промашени мерки со „кошнички“.

-Владата има готови предлози од СДСМ – нека ги реализира: укинување на ДДВ за храна, зголемување на минималната плата и покачување на платите во другите сектори, потенцираа од „Бихаќка“.

СДСМ: Народот на леб и сол и чека мерки, а владините функционери се гоштеваат со папаја и манго

Слични содржини