ВМРО-ДПМНЕ обвинува за непотизам

од desk2
91 прегледи

 

Криминалниот картел во врвот на власта ја киднапира Македонија, реагираат во денешното соопштение од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Оттаму велат дека СДСМ и Зоран Заев со непотизам и партизација ја урнисуваат државата и ги приватизираат институциите.

„Државните институции се користат за вработување на партиски активисти и луѓе блиски до врхушката на власт. Наместо транспарентност и отчетност при вработувањето во државните инстуции, како што ветуваа во предизборниот период, сега имаме вработување по партиски клуч и згрижување на блиски роднини на функционерите како начин на работа“, велат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ истакнуваат дека поранешниот член на ДИК, Игор Милев, е вработен како советник на директорот на Царинската Управа, а неговата сопруга, иако била трето рангирана била избрана за судија во Апелациониот суд во Скопје.

„На позиција втор човек во АД за Стопанисување со станбено деловен простор е поставен Јон Фрчкоски, син на Љубомир Фрчкоски, додека вдомување во АД ЕЛЕМ добија и синот на Мирослав Грчев, ќерката на Талат Џафери и сопругот на Магдалена Несторовска. Единствен услов овие луѓе да се вработат во институциите на државата е слепата лојалност кон криминалниот картел на СДСМ и роднинските врски“, стои во соопштението.

Оттаму додаваат дека и на локално ниво има масовна партизација.