ВМРО-ДПМНЕ обвинува за партизација на владата

од Берта Китинска
241 прегледи

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека е скандал тоа што политички лидери прават состаноци во влада и ја партизираат.

-Лидерите на политичките партии дел од Коалицијата на власта не се владини функционери, ниту министри за да се среќаваат во влада и да држат Коалициони состаноци. Владата е за владини состаноци, на премиерот и министрите, а не за претседателот на СДСМ, Ахмети и нивните Коалициони партнери. Ковачевски покажа дека нема капацитет да води во кризни моменти, и иако знае дека нема знаење да ја извади државата од криза од себични причини не сака избори, само за да остане на власт и да може да краде, велат од партијата.

Според ВМРО-ДПМНЕ, Ковачевски не кажал ниту што мисли за Францускиот предлог.

-Дали Ковачевски мисли дека некој му верува кога вели дека не знае кој е Францускиот предлог или дека не го видел. Во однос на кризите, особено енергетската во делот на струјата оваа влада е најодговорна. Тие правеа криминал во РЕК и ЕЛЕМ, за сега да не се произведува доволно струја, која се покрива со скап увоз. Сиромаштијата која е се поприсутна е вина на СДСМ и ДУИ. Народот плаќа и до 100% поскапа храна. Криминалот, корупцијата и неработата на СДСМ и ДУИ не се решение за Македонија. Предвремени парламентарни избори час поскоро, велат од опозициската партија во реакцијата..

Слични содржини