ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат без докази и за политички поени, велат од Општина Центар за набавката за машините за бележење на коловоз

од Vladimir Zorba

ЈП за јавни паркиралишта „Паркинзи“ на Општина Центар во 2019 година има спроведено набавка на стоки – машина за бележење на паркиралишта со објавен оглас преку ЕСЈН број 01685/2019, согласно Законот за јавни набавки („Службен весник“ на Република Северна Македонија 24/2019).
Во постапката, за најповолен понудувач е избран економскиот оператор ГФП ДОО од Република Србија, овластен претставник на ваков вид машини за патишта, што укажува да постапката има меѓународен карактер, велат од општина Центар за „Локално“ во однос на обвинувањата ВМРО-ДПМНЕ дека набавиле машини за бележење на коловоз, за 6 пати повисока цена.

„Во постапката, за критериум за избор на најповолна понуда е избран соодносот помеѓу цената и квалитетот, каде како квалитет се евалуиран гарантниот период на машината за кој понудувачот е обврзан без надоместок да ја одржува истата. Во случај на 2 (две) прифатливи понуди, а по одржана електронска аукција, најповолниот понудувач ја намалил првично понудената цена и понудил 5 (пет) години гарантен период под кој сеуште е предметната машина, по што е избран за најповолен понудувач и со кого е склучен договор за јавна набавка. Оваа постапка за јавна набавка е спроведена со целосно и доследно почитување на Законот за јавни набавки каде договорниот орган набавил најдобри понудени стоки со значителен гарантен период кој вклучува одржување, по цена која е оправдана и одговара на пазарните цени. Износот на набавката е 700.500,оо денари без вклучен ДДВ или 826.590,оо денари со вклучен ДДВ. Производител е американската компанија Graco а моделот е LineLazer V 5900. Најостро ги осудуваме сите обвиненија кои не се поткрепени со докази и служат единствено за стекнување на политички поени, а во однос на другите споменати набавки немаме коментар туку оставаме на медиумите да ги проверат јавно достапните документации“, истакнаа од општина центар во својата реакција.

ЈП ПОЦ е сервис на граѓаните и секојдневно работи во насока на подобрување на услугите кои ги нуди во насока на задоволување на потребите на крајните корисници – жителите на Општина Центар, додаваат оттаму.

Слични содржини