ВМРО-ДПМНЕ очекува да добие плус двајца пратеници по прегласувањето во Охрид, Крушево и Желино

од Nikola Popovski
336 прегледи

Меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и дополнителен заменик министер во МИОА, Стефан Андоновски денеска информира дека како партија очекуваат зголемување на бројот на пратеници во Собранието од досегашните освоени 58 мандати.

Според него, со прегласувањето на неколку избирачки места во Охрид, Крушево и Желино, ВМРО-ДПМНЕ може да добие дополнителен број на пратеници, доколку граѓаните сметаат дека треба да ја дадат поддршката. Истакна дека сега очите на целата јавност ќе ги набљудуваат четирите избирачки места, каде што ќе се гласа од почеток.

-Нашите анализи покажуваат дека можеме да добиеме до плус двајца пратеници, кажа Андоновски во емисијата „Дејли клик“.

Андоновски смета дека гласачите во овие избирачки места ја прават разликата за количникот за пратеници.

-Целиме кон тоа да имаме уште два дополнителни мандати, додаде меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Слични содржини