Црнила ја завија државата откако СДСМ е на власт. СДСМ ветуваше враќање на иселените, а две години откако се на власт иселувањето се зголемува, а на државата и се случува тивок егзодус поради неспособноста, расипништвото и лошата економска политика на картелот на власт велат од опозициската ВМРО ДПМНЕ.
Младите повеќе не гледаат услови за живот во Република Македонија.
Овој тренд не смееме да дозволиме да продолжи. Токму затоа ВМРО-ДПМНЕ организира протестни маршови ширум државата. Ги повикуваме сите граѓани кои се незадоволни од оваа ненародна власт да ни се приклучат на денешниот протестен марш во Велес со почеток од 13 часот.