ВМРО-ДПМНЕ: Отворените случаи на СЈО се политички конструкции

од desk2
86 прегледи

ВМРО-ДПМНЕ обвини денеска дека сите отворени случаи на СЈО како Таргет, Тврдина, Триста, Титаник, Траекторија, Тенк, ТНТ, Транспортер, Тендери и останатите се во целост политички конструкции и немаат врска со правото.

Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ во изјава пред СЈО рече дека обвиненијата по истите се без никакви докази, крајно неаргументирани, со намера да се врши политички прогон на ВМРО-ДПМНЕ инспириран од СДС.

Според него СЈО е инструмент во рацете на СДС за притисок врз ВМРО-ДПМНЕ, а целта на постоење на СЈО e креирање материјал за оцрнување на ВМРО од страна на медиумите под контрола на СДС.

– Не може да има докази затоа што нема криминал. Се е една голема конструкција и политичка хајка. Од спектакуларните најави и обвинувања за криминали тешки милијарди евра, остана едно големо ништо. Ниту еден од лицата кои се политичка цел на СЈО не остварил ниту денар против правна имотна корист. Тие се цел на Заев и СЈО само затоа што реализирајќи проекти од полза на граѓаните, наводно имале политичка корист, рече Костовски.