ВМРО-ДПМНЕ пак ќе блокира крстосници и ќе протестира пред Шутка

од desk2
75 прегледи

ВМРО-ДПМНЕ и денеска ќе излезе на протест со истите барања, да се ослободат приведените за настаните од 27 април.

Тие најавуваат блокада од 15 до 17 часот, крстосницата кај Соборен храм, кај Нова Македонија и крстосницата кај Црвен крст.

Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ во просториите на „Даре Џамбаз” денеска од 09 – 17 часот ќе организира и крводарителска акција во знак на поддршка на притворените.

Во 18 часот е закажан протест пред Истражниот затвор во Шутка, каде ќе има повеќе обраќања пред присутните.

„Обвинението кое им се става на товар во целост е апсурдно. Кривичното дело тероризам за кое се товарат е политички производ и служи за дефокус на јавноста од антидржавните политики, економскиот колапс и корупцијата на криминогената банда на чело со Заев“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.