ВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски да се соочи со фактот дека над 80 отсто од народот е против уставни измени

од Stefanija Kuzmanovska
335 прегледи

Наместо да се тресе од нервоза и да лаже по интервјуа, Пендаровски треба да се соочи со фактот дека над 80% од народот е против уставни измени под бугарски диктат. Народот не го плаќа да глуми ароганција, туку да ги штити националните и државните интереси, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ како реакција на интервјуто на Стево Пендаровски во Тема на денот на ТВ Сител.

„Да беше кадарен немаше да дозволи Македонија да влезе во замката на Бугарија во која или бесконечно ќе преговараме или асимилација.

Разбираме дека Пендаровски се обидува да им се ‘потпикне’ на СДС и ДУИ за да го кандидираат пак за Претседател, па затоа користи ваква реторика. Но кога веќе народот го помножува со нула, што ли ќе прави Пендаровски ако СДС го извиси? Дали можеби планира да ја оствари својата намера и да се отсели од Македонија?“, се додава во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Слични содржини