ВМРО-ДПМНЕ:Пет заменици на генералниот секретар уште еден непродуктвен трошок на СДСМ

од desk2
112 прегледи

За пратениците на ВМРО-ДПМНЕ именувањето на пет заменици на генералниот секретар на Собранието е уште еден непродуктивен трошок од народните пари.Изборот на толкав број заменици на генералниот секретар е направен нетраспарентно, со меѓупариски договор за креирање на нови ребони места за коалционите партнери, порачаа пратениците на опозицијата.Тие додаваат дека оваа постапка треба да се стопира и наместо пет да останат двајца заменици на генералниот секретар.

„Ветивте намалување на непродуктивни трошоци и департизација на институции, а вие го правите токму спротивното.Доста ни е веќе од ваашиот вокабулар, доста го одложувавте животот.Тројца заменици се повеќе од доволни.Бараме јавен оглас и јасни критериуми за извор.Бараме да се стопира оваа постапка со која секоја партија од оваа кревко мнозинство ќе да си вдоми по еден замеиник на функција“, рече пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Нола Смајловска- Исмајловска Старова.

Пратениците на СДСМ пак сметаат дека е опрвадан изборот на пет заменици, затоа што се утрдило дека се зголемил обемот на работа на генерланиот секретар.

„Зборувате дека пет на заменици на генралниот секретар е многу, тогаш да ве прашам дали е во ред формирањето на дест пратенички групи, со десет координатори, а да не го заборавиме и коордиаторот над коордианторите.

Се загриживте дека ќе се правеле трошоци, а не бевте загрижени кога вашите координатори бараа по дест паузии и ја кочеа работата на собранието во недиглед, рече пратеничката на СДСМ, Славица Шуманска-Митевска.

По завршувањето на расправата предлог одлуката , Собранието го разгледа и поднесениот амандман од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ Димитар Стевананџија и Зоран Илиоски, но не се изјасни по него, затоа што претседателот Талат Џафери утврди дека нема услови за гласање, односно немаше 61 пратеник во салата.По него и по одлуката за именување на заменици на генералниот секретар пратенците ќе сегласаат на седницата на 24 ноември./Макфакс