ВМРО-ДПМНЕ по брифингот на Филипче: Со кои пари неговото семејство ја изгради хациендата на Водно?

од Nikola Popovski
58 прегледи

„Македонија за еден месец има поголем напредок од со СДС за 7 години. Државата доби ефтини средства од Унгарија, држава членка на НАТО и ЕУ, по камати пониски од државните обврзници на САД и земјите од ЕУ“, велат од ВМРО-ДПМНЕ како реакција на денешната прес-конференција на лидерот на СДСМ, Венко Филипче.

Од партијата на власт повторно упатуваат обвинувања до Филипче во однос на хациендата и џипот марка „ауди Q8“.

-Филипче пред да зборува за било што, нека каже со кои пари неговото семејство ја изгради хациендата на Водно? Истата со над 400 м2 станбена површина чини повеќе од милион евра. Филипче да каже на чие име е џипот Ауди Q8, и со кои пари е платен и зошто? Очекуваме одговор и за фирмите во Бугарија, но и за фирмите на брат му со Вице Заев. Тендер министерот Филипче должи одговорни за Онкологиjа и за Хематологија и Ирина Пановска, и за одуларната болница во Тетово, и за вакцините и за редица други крвави и дебели тендери. Одговори мора да има – велат од партијата на Христијан Мицкоски.

Филипче денеска на брифинг со новинарите порача дека новата Влада има лош старт во работата и ќе ги понижат работниците, со тоа што не е најавено зголемување на платите.

-Владата на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски нема ниту план, ниту патоказ по кој ќе ја креира надворешната политика на земјата. Предизборните ветувања на ВМРО-ДПМНЕ дека тие ќе успеат да издејствуваат подобри услови за преговори со Европската Унија и дека ќе добијат цврсти гаранции за превенирање на понатамошни блокади сега се разобличуваат, посочи Филипче.

Вели дека е лага дека немало пари во Буџетот, како што обвинуваат од Владата. Според лидерот на СДСМ, нешто се крие позади заемот од Унгарија од 500 милиони евра и прашува кое е потеклото на парите. Ќе бара законското решение за кредитот што поскоро да се достави во Собранието пред пратениците.

За обвинувањата кон него од страна на владеачката партија, Филипче вели дека чесно работел и дека затворени се постапките против него за одредени куќи и хациенди.

-Немам хациенда ниту луксузни возила. Тие се на таткото на мојата сопруга. Со тој имот немам никаква врска, кажа новиот претседател на СДСМ.

Слични содржини