ВМРО-ДПМНЕ по говорот на Ковачевски: Решението е едно – оставка и избори

од Stefanija Kuzmanovska
269 прегледи

Сликата од прес конференцијата на Ковачевски каде тој зборуваше за ВМРО-ДПМНЕ е сликата за нервозни, исплашени луѓе кои се загрижени за својата лична иднина за сметка на иднината на државата, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на премиерот Ковачевски.

„Сликата од прес конференцијата на Ковачевски каде тој зборуваше за ВМРО-ДПМНЕ, а не за слепата улица во која тој ја донесе државата е сликата за нервозни, исплашени луѓе кои се загрижени за својата лична иднина за сметка на иднината на државата.

Навистина е неважно што мисли повеќе Ковачевски во државата зошто тој е нелегитимен премиер на Влада која е нелегитимна.

Денес Ковачевски требаше да се извини што лажеше цела година дека има мнозинство и дека ВМРО-ДПМНЕ прифатило уставни измени.

Во трката за 80 пратеници ја изгубија кохезијата и подршката од пратениците од власта зошто на сите и во СДС им е јасно дека предлогот е штетен и дека бугарскиот диктат не треба да се испопни.

Решението е едно: оставка и избори“, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Слични содржини