ВМРО-ДПМНЕ: По изборите следува обнова на Македонија на секое поле

од Берта Китинска
96 прегледи

По 12-ти април следува обнова на Македонија на секое поле. Инфраструктурната поврзаност ќе биде на прв план, најавуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во наредниот период по изборите ќе бидат инвестирани 2 милијарди евра во инфраструктура.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ планира изградба на нов автопат од Скопје до Битола, со што времето за возење со кола помеѓу овие два града ќе се сведе на час и половина.Следува целосна обнова на регионалните патишта. Со проект за ставање на 1000 километри нов асфалт, ќе нема пат кој нема да биде асфалтиран.Предвидени се 150 километри експресни патишта. Куманово – бугарска граница, Штип – Радовиш, Кавадарци – Прилеп, Битола – грчка граница и Струмица – бугарска граница.

Изведба на нови пруги од Битола до грчка граница и од Куманово до бугарска граница.Дополнително ќе се отворат летови од скопскиот аеродром до сите главни градови во Европа, но и прекуокеански дестинации.300 милиони евра ќе се одвојат за нови водоводни и канализациони мрежи, а катастерот ќе биде целосно дигитализиран, за нулта корупција.Македонија ја очекува инфраструктурен бум. Доаѓа обновата. Повеќе за секого, велат од ВМРО-ДПМНЕ.